Владата на Заев и на СДСМ доживеаа вистинско фијаско во справувањето со пандемијата. Граѓаните се жртви на неспособноста на оваа Влада.
Статистичките показатели за епидемијата во Македонија се поразителни. Речиси 2 илјади граѓани се заболени од почетокот на кризата, a 113 наши сограѓани ја загубија борбата со вирусот, голем дел на патот кон болницата. Дел од нив немаа шанса навреме да се тестираат.
Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број на новозаразени на 1 милион жители.
Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители.
Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот.
Додека македонските граѓани живеат со последиците од неспособноста на власта во справувањето со коронавирусот, Заев агитира за брзи корона избори, избори кои го загрозуваат здравјето на граѓаните со единствена цел да го намали поразот.
Анкетите велат дека над 70 проценти од граѓаните се против брзи избори во јуни. здравјето мора да биде приоритет за одговорните политичари.
Граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес, а кој за свои лични и теснопартиски интереси.
Казната за ваквото однесување од граѓаните за Заев ќе дојде на следните избори.
Оваа влада на Македонија и донесе хибриден режим, сиромаштија и корупција.