Меѓународниот Црвен крст повика, во писмо објавено деенска, да се стави крај на кибер нападите врз здравствените и истражувачките институции за време на пандемијата на коронавирусот.
Ваквите напади се закана за човечки животи и владите мораат веднаш да преземат „одлучувачни” мерки, се вели во писмото потпишано и од група политичари и бизнисмени.
„Се надеваме дека владите во светот ќе преземат акција и ќе ја потврдат својата посветеност кон меѓународните правила што забрануваат вакви активности”,нагласува Питер Маурер, претседател на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Претседателот на „Мајкрософт” Бред Смит и поранешниот американски државен секретар, Медлин Олбрајт, се меѓу 42 потписници на писмото, иницирани од невладината организација CyberPeace Institute, чија мисија е да спречат злоупотреба на интернет.
Пред еден месец, чешките власти објавија дека нивниот здравствен систем бил дигитално нападнат