Трамп се закани: Ќе ги угасиме сите социјални мрежи

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги угаси сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативецот.

Трамп се огласи на Твитер откако оваа мрежа обележа негова објава и нагласи дека треба да ги проверуваат информациите кои ги објавуваат.

Ова е првпат Твитер да ги повика своите корисници да ги проверуваат податоците во твитовите кои ги објавува американскиот претседател.

Трамп потоа оцени дека Твитер се меша во американските претседателски избори и ја гуши слободата на говор.

Мрежата Твитер претходно трпеше и притисоци затоа што не обрнува внимание и не ги проверува објавите на Трамп.

Треба да знаете
Последни објави