Според информациите на Спорт1, Сергеј Самсоненко му побарал кирија на Вардар за користење на спортскиот центар „Јане Сандански“. Првичнииот разговор не бил таков, односно Сергеј најавил дека Вардар ќе може непречено да ја користи салата која веќе стана негов препознатлив знак во Европа. Меѓутоа, работите наводно се смениле и сега газдата во заминување на „својот“ Вардар му барал 30.000 евра месечно за користење на „Јане“.
Постои можност Вардар да се пресели во „Борис Трајковски“, националната арена која беше дом на Металург за натпреварите од Лигата на шампионите.
Салата „Јане Сандански“ ја изгради Самсоненко и првпат почна да се користи за натпревари есента во 2014 година. Оттогаш, Сергеј има 30-годишна концесија за користење и практично може да постапи како што сака.