Бројот на жртви и новозаразени од Ковид-19 оди директно на совеста на Зоран Заев. Сите статистики покажуваат дека Македонија најлошо се справува во регионот. Само денес има три нови жртви, и 25 новозаразени, вели во реакцијата опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Во едни вакви услови Зоран Заев принудува избори, ризикувајќи го здравјето на граѓаните.
Зоран Заев сака избори каде наместо гласови ќе се бројат жртви од корона. Ова е врвот на неговата некрофилска политика.
Наместо изборен натпревар Заев посакува изборна кланица.
Ова оди на совеста на Зоран Заев. Кај овој човек нема никаков разум ниту совест.