Претседателот на Србија, Александар Вучиќ не се сомнева дека одлуката на Црна Гора да не ги отоври границите со Србија од први јуни дека е политичка. како контра мерка Србија не планира да ги затвори своите граници за граѓаните од Црна Гора.
-Ние во таа кал нема да влегуваме. Јасно ми беше од првиот момент дека таа одлука е политичка и уверен сум дека ќе се менува, не затоа што ќе почнат да ја сакаат повеќе Србија туку затоа што нивните интереси ќе го бараат тоа и сигурен сум дека ќе бараат доволна причина да ја променат таа одлука, изјави Вучиќ.