Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).
Видео-конференцијата ќе се фокусира на потребата од преземање на неопходни мерки преку регионална солидарност со цел ублажување на импликациите што пандемијата од КОВИД-19 ги има пред се’ врз здравјето, но и врз социо-економскиот живот на граѓаните во земјите членки на иницијативата. За време на дискусиите Министрите ќе разговараат за тековната и идна фаза од справувањето со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.
Северна Македонија за прв пат ќе учествува на министерскиот состанок, откако на 2ри април 2020 год. официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR). Оваа година, организатор на редовниот министерски состанок е Србија, како претседавач со иницијативата