Свесни за своето неодговорно, несериозно и незрело однесување. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се’ да ја држат земјата во неизвесност и да создадат пилитичка криза, само затоа што се плашат од изборно соочување и од извесен пораз од граѓаните.
Однесувањето на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада кои наместо на граѓаните, покажаа дека им служат единствено на партиските интереси, се уште еден доказ зошто се потребни избори и нова политичка влада.
Во клучниот и најтешкиот период во државата, кога се соочивме со глобална криза поради коронавирусот, Мицкоски наместо конструктивност, покажа деструктивност на штета на граѓаните.
На почетокот на кризата Мицкоски ја потценуваше, дури и се потсмеваше со заканата од коронавирусот, за потоа да продолжи незрело да сервира лаги со кои создаваше паника.
Лажеше дека немало доволно тестови за корона кога илјадници граѓани се тестираа согласно протоколите водеше валкана кампања полна со лаги и закани против министерот за здравство Венко Филипче.
Мицкоски сакаше да создаде лажна слика дека 140.000 граѓани останале без работа поради коронавирусот кога бројката не надмина 8 илјади граѓани.
Мицкоски во време на кризата, единствено се грижеше да вежба во теретана која се отвара само за него, притоа прекршувајќи ги мерките за заштита од COVID19.
Но, уште поскандалозно е што Мицкоски со помош на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја злоупотребија МВР за личен и партиски интерес и заштита, исто како во времето на МВРО ВМРО кога со притисок врз вработени се затвораа истраги, се заплашуваа луѓе.
Јавноста виде како Чулев не постапува, не спроведува контроли и дозволи кршење на забраните за јавни собири, со што го загрози здравјето на граѓаните.
Опструкциите и блокадите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се најважни.
Таква деструктивност е недозволива и токму затоа изборите се решение, а не проблем.
Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните, особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.
Здравјето и живеачката на луѓето се најважни и затоа е потребен целосно функционален демократски институционален систем.