Лихвар за 30.000 денари заем зел 20.000 камата, барал уште 16.000 денари

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична  пријава против М.Ф.(65) поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство”, казниво по чл.260 од Кривичниот законик на РСМ.

-Пријавениот на 25 јануари 2020 година на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22 мај 2020 му барал уште 16.000 денари, појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави