На 26.05.2020 во 18.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце имало лице кое лежи покрај патот.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.05.2020 во СВР-Тетово, Н.Н. пријавил дека во село Горно Јеловце, во близина на рибникот, забележал непознато лице, најверојатно мигрант.
Полициски службеници од Полициска станица-Гостивар и од Полицициска станица за Граничен надзор-Маздрача излегле на местото каде било затекнато лицето О.С. (26) од Сирија. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.