Ресторан со кадифени мечиња ги одушеви луѓето

За да ја направи пријатна атмосферата во ресторанот, еден германскиот угостител поставил големи кадифени мечиња на маси кои треба да бидат празни поради физичката дистанца.

Кадифените животни изгледаат многу попријателски отколку предупредувачките ленти или преградите од плексиглас, рече Муса Гезер, сопственик на ресторанот „Beef’n’ Beer“ во Хофхајм, во западниот дел на земјата.

https://www.instagram.com/p/CAp9JtYoa17/

„Гостите го примија тоа многу, многу добро“, рече тој. „Насмевката им е загарантирана“.

Фотографиите од големи мечки на масите ги преплавија социјалните мрежи.

„Одлична идеја“, „Генијално“, „Ова сигурно ќе ме развесели“, се само некои од коментарите на корисниците на интернет.

https://www.instagram.com/p/CArnm4uFGTv/

Германските ресторани полека почнуваат да работат откако со недели беа затворија поради пандемијата.

Засега, отворањата се спорадични поради правилата кои бараат физичка дистанца меѓу гостите, но и поради нивниот страв, затоа што вирусот сè уште циркулира.

Треба да знаете
Последни објави