СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.05.2020, пријавениот во повеќе наврати телефонски му се јавил на полициски службеник од СВР Штип и му упатувал закани по животот во врска со претходно преземени службени дејствија, односно за поднесена на кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, против Р.Л., пријател на пријавениот.