Раководството на Премиер лигата ќе им понуди на клубовите да ја започнат сезоната 2020/21 од средината на септември, пренесе „Дејли меил”.
Според британскиот медиум, овој предлог ќе биде изнесен на состанокот на 28 мај, на кој ќе бидат договорени услови за продолжување на сезоната 2019/20, што беше прекината поради пандемијата на коронавирус.
Претходно беше објавено дека сезоната 2019/20 во најквалитетното Англиско фудбалско првенство се планира да продолжи во средината на јуни.