Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги угаси сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативецот.
Трамп се огласи на Твитер откако оваа мрежа обележа негова објава и нагласи дека треба да ги проверуваат информациите кои ги објавуваат.
Republicans feel that Social Media Platforms totally silence conservatives voices. We will strongly regulate, or close them down, before we can ever allow this to happen. We saw what they attempted to do, and failed, in 2016. We can’t let a more sophisticated version of that….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 27, 2020
Ова е првпат Твитер да ги повика своите корисници да ги проверуваат податоците во твитовите кои ги објавува американскиот претседател.
Трамп потоа оцени дека Твитер се меша во американските претседателски избори и ја гуши слободата на говор.
Мрежата Твитер претходно трпеше и притисоци затоа што не обрнува внимание и не ги проверува објавите на Трамп.