Полицијата работи на случајот на семејно насилство во семејството на активистка за легализација на марихуаната, Моника Конопова која вчера на Фејсбук објави фотографии со повреди и крв на лицето добиени од тепањето од татко и.
-На 26.05.2020 во 22.30 часот на ул.„Антон Чехов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело. Претходно, неговата ќерка М.Р.(31) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во семејниот дом на ул.„Антон Чехов“, по претходна расправија, таа и нејзината мајка К.Р.(62) од Скопје биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.