Странските медиуми пишуваат дека снимањето љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Аманда Блументал, чие занимање е да им обезбеди сигурност на актерите за време на снимањето на секси сцени, рече дека е многу веројатно дека актерите нема да сакаат да се бакнуваат во уста со своите колеги. Таа откри дека и пред воведувањето на карантин, неколку актери негодувале поради снимањето сцени на бакнување, пишува The Wrap.
Големите филмски продукции подготвуваат проекти кои на актерите од списокот А ќе им овозможат заштита на сетот и надвор од него. Ова, најверојатно, ќе резултира со задолжително тестирање на коронавирус, како за ѕвездите така и за тимот што снима.
Слична е ситуацијата во филмската индустрија на Тајланд. Властите во земјата им наложија на режисерите да не снимаат љубовни сцени или сцени на борба, или кој било друг вид на сцена што вклучува близок контакт со актерите.
Локалниот секретаријат за култура издаде наредба дека снимањата мора да се одвиваат во проветрени простории каде што не смеат да престојуваат повеќе од педесет лица.