Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е време Британија да тргне натаму од „премногу фрустрирачката епизода” во која неговиот најблизок соработник Доминик Камингс беше обвинет за прекршување на мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Тоа е многу фрустрирачка епизода и разбирам дека луѓето се загрижени затоа што земјата минува низ многу тешко време, рече Џонсон пред парламентарната комисија.
Тој додаде дека британското општество мора да се фокусира на давање вистинска порака.
– Она што треба да го направиме е да продолжим”, рече Џонсон.