Позитивни на ковид уште четири текстилни работнички од истата конфекција во Штип

Во текот на денот се очекуваат резултатите од уште неколку тестови, со што оваа бројка за денеска може да не е конечна. Во изолација се 42 лица.

Конфекцијата станува ново жариште на ковид во Штип. Просториите се дезинфицирани, а сопственикот самоиницијативно ја затвори на една недела.

Вчера и денеска Општината Штип ги дезинфицира влезовите на конфекциите, фабричките автобуси и угостителските објекти, додека волонтерите делеа заштитни маски.

Треба да знаете
Последни објави