Германскиот фудбалски шампион и лидер во тековната сезона Баерн Минхен е пред продолжување на договорот со дефанзивецот Давид Алаба.
Според клубот од Минхен, на 27-годишниот Австриец му е понуден договор до крајот на јуни 2024 година. Актуелниот договор на Алаба со Баерн завршува на крајот на јуни 2021 година.
Претходно беше објавено дека Интер и Реал се заинтересирани за фудбалерот.
Алаба има еден гол и две асистенции на 31 натпревар за Баерн во сезоната 2019/20. Порталот „Transfermarkt.com” го проценува Австриецот на 52 милиони евра.