ДУП-от во Трнодол има лукративна цел од кој во иднина може да профитира Нина Ангеловска?

Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, пoртпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Денеска сакаме да поставиме јавно неколку прашања до локалните власти во Скопје, прашања што ги загрижуваат Карпошани, но и сите граѓани. Според информациите кои ги добивме и пристигнаа кај нас, се отвораат многу сомнежи во јавноста, каде што одредени функционери од власта постои можност да профитираат. Имено, за спорниот ДУП во Трнодол, за кој граѓаните за жал дознаа преку протестите на жителите од Трнодол и ќотекот што го добија од општината, се отвораат сомнежи и со право се загрижени жителите таму, дека истиот тој ДУП има лукративна цел, дека во блиска иднина би можел сериозно да профитира од него министер назначен од СДСМ.

За што станува збор? Ние ќе ги поставиме прашањата заедно со граѓаните, а власта е таа која што треба да одговори. Дали е точно дека со спорниот ДУП во Трнодол е предвидена улица низ населбата која треба да води до обиколницата која е предвидена со ГУП-от? Впрочем, дали е точно дека истата оваа улица практично ќе оди непосредно во близина до катастарска парцела со број 616, каде што сопственик е таткото на министерката Нина Ангеловска?

Еве наједноставно нека одговори министерката Нина Ангеловска, дали нејзиниот татко е сопственик на ваква парцела веднаш над Трнодол? Истата таа парцела со големина од 4.418 м2 претходно и припаѓала на министерката Ангеловска. Повторувам 4.418 м2 парцела над Трнодол, каде што непосредно ќе води улицата предвидена во ДУП-от од Општина Карпош. Таму цената на земјиштето надминува над 500 евра по метар квадратен.

Оттука сакаме јавно да ги прашаме и Нина Ангеловска и Стефан Богоев, дали во блиска иднина, на оваа парцела ќе се најде начин, дали со проширување на ГУП кој што треба да се отвори наредната година, или некој друг начин да се пренамени оваа парцела во градежно земјиште и таму да никне дали некоја населба за домување или можеби некој објект кој што ќе носи профитабилност?

Дали ова е една од причините за притисокот на општина Карпош од летото, па се до денес за да се донесе овој спорен ДУП? Дали ова е една од причините заради која граѓаните претрпеа и физичко насилство од луѓе пратени од општинските власти и градоначалникот Стефан Богоев на јавната расправа и увид организирани од општината? Граѓаните ќе имаат можност да ценат колку се искрени намерите за носење на овој спорен ДУП. Буџетот на Република Македонија е празен, економската ситуација е полоша од било кога, но затоа ДУП-от од општина Карпош кој треба да се донесе за Трнодол има лукративни намери за да се офајдат во иднина одредени луѓе од власта. Конкретно семејството на министерката Нина Ангеловска. Додека СДСМ да одговори, оставаме граѓаните сами да проценат за неискрените и лукративни намери на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави