Ракометниот џин, Летонецот Даинис Криштопанс кој неколку месеци не е член на макеоднскиот, регионалниот и сеуште европскиот првак Вардар, се огласи да соопшти дека „црвено-црните“ сеуште му борчат пари според договорните обврски.
Криштопанс имаше договор да остане во Вардар до крајот на сезоната, па потоа да се приклучи на ПСЖ меѓутоа поради финансиската ситуација доби дозвола предвреме да си замине во германскиот Фуксе Берлин.
Во интервју за рускиот медиум „Брз центар“ , Криштопанс меѓу другото зборува и за Вардар со кого ја покори Европа.
-Вардар ми должи пари. Самснонеко вети дека ќе ми исплати се до крајот на година. Се надевам ќе биде така. Последен пат со некој од Вардар разговор со Глеб Калараш додека бев во Берлин во карантин, вели Криштопанс, кој за атмосферата во соблекувалната кај „црвено-црните“ пред да замине од Скопје открива дека била тажна.
-Слушавме само ветувања кои не се исполнуваа. Знаевме дека Михајло Михајовски ќе го превземе клубот. Него повеќе го интересираше што ќе се случува наредната сезона, тогаш дојде понудата од Берлин и ја прифатив, изјави Криштопанс.