Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат говореше и за новиот политички концепт на партијата кој отвора можност за сите граѓани. „Едно општество за сите не беше само флоскула, туку реална политика, и со законите што го носиме и со процесите што ги водиме… СДСМ е репрезент на сите етнички заедници, имаме и функционери во партијата од сите групи. Но, реториката на ВМРО ДПМНЕ, на некои функционери, не е во ред. ВМРО ДПМНЕ заговараше формирање влада само на победничките партии на избори. За разлика од нив, ние исполнуваме реални ветувања и го подобруваме меѓуетничкиот соживот. Здравствената криза покажа дека ние не се делиме, не ги броиме болните од која националност се. И генерално, почнуваме да размислуваме поинаку, создаваме атмосфера за нормален и заеднички живот.“- изјави Манчевски.