Со исказ на обвинетите за „27 април”, меѓу кои и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков (осуден на 18 години затвор) или на нивните адвокати, денеска во скопска Апелација ќе продолжи јавната расправа по поднесените жалби за пресудите за овој предмет.
Вчерашното рочиште почна со барање на адвокатите на обвинетите до кривичниот совет за изземање на тројца судија од Апелација, Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска, заради тоа што тие претходно постапувале по овој предмет. Но, барањето не беше прифатено и јавната расправа продолжи.
Освен обвинетиот Чавков, кој е редовите на МВР, и други полициски службеници се осудени во овој предмет со образложение дека не постапувале, иако биле известени за се во однос на упадот во Собранието, но не презеле ништо за тоа да го спречат.