Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 19 степени.
И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.