Во земјава е регистрирана првата смрт на здравстветен работник, како последица од коронавирусот.
За ова преку соопштение информираат од Фармацевтската комора на Македонија, од каде кратко посочуваат дека комората загубила почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник.
Како што се наведува во нивното соопштение, станува збор за Петар Мојсоски, од струшкото село Подгорци, кој починал вчера на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Од Фармацевтската комора информираат дека нивниот колега се заразил додека бил на своето работно место, во аптека.
Повеќе информации за овој случај се очекуваат по објавувањето на дневниот извештај од страна на Министерството за здравство.