САД активно ги смируваат тензиите помеѓу Грција и Турција, изјави синоќа заменик-помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер.
Тој на видео-симпозиумот во организација на Германскиот Маршалов фонд се осврна на неодамнешното нарушување на грчкиот воздушен простор од страна на Турција, истакнувајќи дека тензиите траат со години, но оти САД промовираат дијалог помешу Атина и Анкара.
– Сакам да ја охрабрам Турција да ги намали тензиите на грчко-турската граница кај Александополис, што во исто време е и турска граница со ЕУ, посочи Палмер.
Новата гранична ограда на Европс ги зголеми тензиите помеѓу двете земји членки на НАТО. Претходно, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас изјави дека почнале подготовките за изградба на оградата, а Турција побарала да биде информирана и да ги добие координатите, но одговорот од грчка страна бил негативен. Грција најави и дека во текот на следните денови, на грчко-турската граница кај Еврос ќе бидат распоредени околу 400 полицајци.