Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има тумор во мозокот, компликација за која лекарите сметаат дека е од Ковид 19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала.
Бебето кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што специјално бил отворен скопскиот аеродром. НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од преземањето на бебето со медицински авионски транспорт, со т.н. мини болница, организиран од страна на здравствените власти во Швајцарија
Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.
Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата за НОВА ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.
“Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата поладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за Ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, потврди за НОВА, д-р Најдановска Алуловска.
По ова започнала борбата бебето да се одджи во живот и да биде префрлено во Швајцарија, во Клиничкиот центар во Цирих.
НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од специјалниот медицински авионски транспорт, со т.н мини болница, организиран од Швајцарија.
„Ова е прв случај на дете со толку сериозни компликации од Ковид-19 каде најверојатно коронавирусот предизвикал неутропност на мозокот, односно туморозна формација“, изјави за НОВА, д-р Аспазија Софијанова, која во понеделникот утрината инцирала снимање на КТМ каде се покажала туморозна формација, а откако стигнал и резултатот од тестот за Ковид-19, кој бил позитивен, веднаш ги известила родителите на бебето во Швајцарија.
Според, д-р Софијанова коронавирусот може да предизвика Кавасаки болест, неутропни симптоми, како и симптоми на гастроинтестиналниот систем. Во разговор со швајцарските лекари било потврдено дека состојбата во мозокот на дететето најверојатно е од Ковид-19. Таа објаснува дека веднаш го известила Кризниот штаб на клиниката за сериозната и комплицирана состојбата на бебето, како и таткото на бебето.
„Кога го видов бебето во таква состојба некое внатрешно „шесто чуло“ме натера да веднаш да се направи снимање на КТМ и се покажа дека има туморозна формација, суспектен папилом. Кога му соопштив, таткото кој е швајцарски државјанин веднаш го активира неговото здравствено осигурување и за пет минути ми се јавија од Клиничкиот центар во Цирих. Со лекарскиот тим бев за цело време во комуникација, даваа инструкции, се интересираа, прашуваа што имам преземено, како се движат сите параметри“ раскажува за НОВА, д-р. Софијанова.
Со лекарскиот тим од швајцарскиот Клинички центар било организирано бебето со специјален медицински авион, да биде префрлено во Цирих.
Целиот текст на НОВА.