Херцег Нови ќе доделува бесплатно летување со полн пансион за цели семејства

Црногорскиот приморски град Херцег Нови нуди бесплатно летување на база на полн пансион за цело семејство ( двајца возрасни и две деца).

Туристичката организација од Херцег Нови се одлучила на овој чекор поради целокупната ситуација која владее со коронавирусот за да привлече поголем број на туристи преку акцијата „херцег Нови те вика“.

Пријавите за бесплатно летување кои ќе бидат реализирани во втората половина од јуни можат да се направат преку сајтот www.hercegnovitezove.com.

Во пријавата потребно е да се наведат името, мејл-адресата и градот од кој се кандидатите за летување во Херцег Нови. Со оваа пријава се станува еден од потенцијалните кандидати за бесплатно летување кое го организира градот Херцег Нови во соработка со локалните хотели.

 

Треба да знаете
Последни објави