(Видео) Пожари и грабежи за време на протестот поради смртта на Афроамериканецот, демонстрантите фрлаа камења кон полицијата

Полицијата и демонстрантите повторно, втора ноќ по ред, се судриле во Минаполис за време на протестот поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина кога го приведувала полицијата.

Полицајците, од кои некои биле на покривите, користеле солзавец, пластични куршуми и гранати за да ги стават од контрола демонстрантите, додека учесниците на протестот ја гаѓале полицијата со камења, шишиња со вода и други објекти.

https://twitter.com/TonyClementsTC/status/1265880684461264901

Некои од нив ја гаѓале полицијата со канистери со солзавец, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрациите започнале неколку часа откако градоначалникот Џејкоб Фреј го повикал обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој се гледа на видеото како држи колено на вратот на Афроамериканецот во лисици, кој се пожалил дека не може да дише и починал во полицискиот притвор.

Стотици демонстранти, од кои голем дел биле со покриено лице, излегле на улиците околу полициската станица, недалеку од местото каде што бил уапсен Флојд, извикувајќи „Нема правда, нема мир“ и „Не можам да дишам“, а во текот на ноќта нивниот број се зголемил на илјадници.

Телевизиската снимка, направена од хеликоптер, покажува како десетици луѓе ја ограбуваат продавницата „Таргет“ и излегуваат од неа со облека и колички полни со стока.

Откако се стемнило, во неколку претпријатија избувнал пожар, меѓу кои и во продавница за делови за автомобили, а очевидци велат дека биле подметнати.

Медиумите објавија дека мал протест, кој минал мирно, бил одржан во предградието, пред куќата на еден од полицајците.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави на „Твитер“ дека го повикал Федералното биро за истраги (ФБИ) да ја забрза истрагата, додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.

Треба да знаете
Последни објави