Прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ
Почнуваме да ја живееме новата нормалност и затоа сите ние и како поединци и како општество мора да се подготвиме за предизвиците што ќе следуваат. Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето. Имаме обврска и одговорност преку доследно почитување на сите мерки да го заштитиме нашето, но и колективното здравје и со тоа да им помогнеме на здравствените работници. Здравствената криза се намалува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме.
Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие.
Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето. Новата нормалност значи дека ќе мора да функционираме согласно протоколите за заштита при извршувањето на сите наши секојдневни обврски и активности. Политичкиот систем кој денес е во крајно комплицирана состојба исто така ќе функционира во рамки на оваа нормалност.
На граѓаните, на државата, им се неопходни функционални институции, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните. Исклучително е важно подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен, да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме економијата. Затоа ни се неопходни избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември подготвени. Изборниот процес, кампањата и гласањето ќе бидат организирани согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции, кои ќе бидат безбедни за граѓаните, за нивното здравје и за сите учесници во изборниот процес.
Покажавме дека знаеме и можеме да се справиме со тешки ситуации како што беше здравствената криза и да го заштитиме јавното здравје. Сега заедно ќе ја обезбедиме новата нормалност, ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе ја рестартираме македонската економија.