Уште една лага во низата е и денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ , дека зад носењето на Предлог ДУП за Трнодол, општина Карпош, стои лукративна цел и нечиј личен интерес.
Како што информираа од општината катастарската парцела (КП) со број 616 воопшто не е во опфат на Предлог ДУП – от за Трнодол, како што денеска лаже ВМРО – ДПМНЕ. Исто така, оваа катастарска парцела е надвор и од Генералниот урбанистички план (ГУП), што значи дека воопшто не може да се гради на посочената парцела.
Но тоа не е пречка ВМРО-ДПМНЕ да лаже и да конструира непостоечки случаи. Кога се дрзнуваат да лажат за вакви лесно проверливи информации, може само да се претпостави за што се досега излажале и за што се ќе излажат во белиот дворец.
Транспарентното и отчетно работење останува главно обележје на власта предводена од СДСМ. За конкретниот ДУП, граѓаните имаа можност да учествуваат на јавна дебата и презентација цели 10 дена, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога планови се носеа преку ноќ, за време на викенди и празници, зад затворени врати далеку од јавноста.
Ова незрело и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ само го покажува степенот на негрижа кон граѓаните и нивните интереси.