Стапката на смртност од ковид-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек, реагира Министерството за здравство по информациите од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО –ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над останатите земји во регионот, европскиот и светскиот просек. Смртноста од ковид-19 во земјава не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени“, велат од Министерството за здравство.
Додаваат дека процентот на смртност од вкупниот број потврдени со ковид -19 во земјава изнесува 5.8 отсто, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7.3 проценти, Босна и Херцеговина со 6.2 отсто, Грција со 6 проценти“