Песков: Нема откажување од планот за изградба на Северен поток 2

Плановите да заврши изградбата на гасоводот Северен поток 2 не се променети, а санкциите воведени против овој проект се одраз на нечесната конкуренција и спротивни на меѓународните закони, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

– Нашиот став кон воведувањето санкции е познат. Тој не се менува и е исклучително негативен. Сметаме дека таквите аспирации не се ништо друго освен одраз на нелојалната конкуренција и акција која е спротивна на меѓународното право, истакна Песков.

Треба да знаете
Последни објави