Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште пет дена, ќе биде прогласен крај на епидемијата.
„Во последните 24 часа биле направени 155 тестови и сите се негативни“, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Во Црна Гора нема активни случаи на Ковид-19.
Директорот на ИЈЗ, Бобан Мугоша, пред четири дена за ТВЦГ соопшти дека крајот на епидемијата може да се очекува на 2 јуни, доколку до тогаш нема нови случаи.
Во Црна Гора од почетокот на епидемијата од коронавирус заболеле 324 лица, оздравеле 315, а починале девет пациенти.