Украинската полиција објави видео од апсењето на напаѓачите на наводниот водач на Кавачкиот мафијашки клан од Црна Гора, Радоје Звицер.
Подолгата снимка, објавена на налогот на националната полиција на Украина, ја опфаќа целата акција, почнувајќи од снимките од надзорните камери на обидот за егзекуција во центарот на Киев, па сè до испрашувањето во станица.
На снимките, може да се види и увидот од истрагата каде е прикажано и користеното оружјето, а потоа и „ловот“ односно потрагата по осомничените во текот на ноќта.
„Од каде си?“, прашува полицаец еден од уапсените на снимката.
„Од Македонија“, одговара човекот со лисици на рацете.
Второто лице на видеото одговара дека е од Србија и дека разбира зошто е уапсен.
Подоцна, меѓу другото, о полициската станица прикажан е еден од уапсените со српски пасош.
Според тамошните медиумите, украинската полиција денеска ги уапсила осомничените вчера во Одеса, а при апсењето тие се спротивставиле и се обиделе да избегаат. Тие се обиделе да стигнат до границата со Молдавија и така да избегаат од украинската полиција.