Португалскиот актер и диџеј Нуно Лoпез (42), кој го глуми лошото момче Дуарте Силва или „Боксер“ во новата хит серија на Нетфликс, има се што ѝ треба на секоја жена, пишува британски „Дејли мејл“.
Ако ја гледате новата хедонистичка серија на Нетфликс, White Lines, нема да сакате да се откажете од ниту една од овие три работи: летен одмор во Ибица, танцување во ноќен клуб, и едно лошо момче – вратар во клубот.
Серијата, креирана од шпанскиот телевизиски продуцент Алекс Пина, ја следи библиотекарката Зое Вокер (Лора Хадок) додека се обидува да го најде човекот што го убил нејзиниот брат Аксел (Том Рис Харис) пред 20 години.
Но ловот по убиецот преоѓа во втор план благодарение на зачудувачки убавите предели на Балеарските острови, и секако, Боксер – вратарот во еден ноќен клуб, кој исто така е шеф на обезбедувањето на богато семејство.
Ликот Боксер, или Дуарте Силва, го игра познатиот актер и диџеј Нуно Лопез. 42-годишниот актер е веќе прилично познат во својата татковина, Португалија, со тоа што освои пет награди за најдобар актер на „Глобо де уоро“ (португалски еквивалент на „Златните глобуси“).
Актерот си обезбеди нова легија на обожаватели со оваа улога, пишува британскиот таблоид.
И покрај тоа што извршува две брутални убиства, и измачува човек во обид да изнуди признание, „Боксер“се покажа како голем хит кај гледачите.
Тој дури успева и да има секс над гроб, свежо ископан со помош на Зои за да ги скрие телата на двајцата убиени дилери на дрога.