Двајца моторџии завршиле во болница со тешкиповреди по сообраќајки, вчера во Скопје и во Битола, информираше МВР.
На 28.05.2020 во 00,15 часот на крстосница од улиците Бертранд Расел и Николај Островски во Ѓорче Петров автомобил „форд фиеста“, управуван од скопјанецот К.М.(21) од Скопје, удрил во мотоцикл „кивеј“ што го управувал М.Б.(22) од Скопје. По незгодата со возило на итна медицинска помош М.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 27.05.2020 во 23 часот на крстосницата од улиците Индустриска и Солунска во Битола, товарно моторно возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.М.(48) од Битола удрило во моторцикл „јиа јуе“ со битолски регистарски ознаки управуван од 17 годишен малолетник од Битола.
По незгодата сопатникот на моторциклот, 15 годишен малолетник од Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.