Во Индија во последните 24 часа се потврдени нови 6.566 случаи на коронавирус, а починале 194 луѓе, што се нови рекордни бројки од почетокот на пандемијата.
Од 21 мај во Индија секој ден заболуваат над 6.000 луѓе, а според податоците од Министерството за здравство, хоспитализирани се 86.110 пациенти.
Од почетокот на пандемијата починале вкупно 4.531 човек, додека со вирусот се заразиле 158.333, од кои 67.692 оздравеле.
Во Индија се уште е на сила карантинот, кој до сега трипати е продолжуван, а би требало да биде укинат на 31 мај.