Американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка зборуваше и за изборите во Србија кои требаше да се одржат во април, па поради коронавирусот беа одложени и сега се закажани за 21 јуни.
-Условите за парламентарните избори во Србија не се идеални, особено кога станува збор за ситуацијата со медиумите, но бојкотот не е решение, оцени Палмер.
Американскиот претставник за Западен Балкан, Палмер појаснува дека САД ги разбираат некои од аргументите на опозицијата дека изборните услови не се фер, но предупредува дека нејзиниот глас ќе биде помалку слушан доколку ја напушти политичката арена.
На оваа темата избори свој став има и претседателот на Србија и лидер на владеачката СНС, Александар Вучиќ според кого неговата држава веќе доцни со организирањето на изборниот процес.
Палмер смета дека е важно сите политички партии да имаат пристап до државните медиуми, особено до РТС за да можата да се претстават пред граѓаните.
-Кога станува збор за изборите на 21 јуни, би сакале граѓаните на Србија да имаат најголем можен избор, важно е да има правилен избор во демократскиот процес и ги охрабруваме сите политички партии да учествуваат. Бојкотот скоро никогаш не е добар начин да се изрази незадоволство. Ја поздравуваме одлуката на оние партии од опозицијата што решија да учествуваат во изборната трка, рече Палмер.