Грешка што не требаше да се случи. Така Комитетот за здравство во Велс ја карактеризираше одлуката на менталните болници да отпуштат 1.694 пациенти среде пандемијата на коронавирусот, кои, всушност, не се за отпуштање.
Сега болниците прават се за да ги вратат ментално болните пациенти во клиниката, додека надлежните им се извинуваат на граѓаните.
Дополнителен проблем се појави кога се покажа дека точниот број на отпуштени пациенти не е познат.
„На крајот, дојдовме до бројката од 1.694 предвреме пуштени пациенти од установите, и тоа на оние пациенти на кои сè уште им е потребна помош“, соопштија здравствените власти.