Посочената КП е надвор од ДУП-от за Трнодол, а насилството при носењето на ДУП-овите одамна е минато во Карпош

Целосна лага е информацијата декa носењето на Предлог ДУП – от за Трнодол (Градска четврт Ј03 Блок 7) е со лукративна цел или во нечиј интерес, се вели во писмена реакција  од Општина Карпош како одговор на она што го соопшти Димче Арсовски портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.

-Катастарската парцела (КП) со број 616 воопшто не е во опфатот на Предлог ДУП – от за Трнодол, за кој зборува портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски. Исто така, оваа катастарска парцела е надвор и од Генералниот урбанистички план (ГУП), што значи дека воопшто не може да се гради на посочената катастарска парцела.

При организацијата на повторната Јавна анкета и Јавна презентација за овој ДУП целосно се почитуваше начелото на присуство на јавноста и учество на граѓаните, односно носењето на ДУП-от во сите фази одеше максимално транспарентно.

Инцидентите и насилството во Трнодол беа иницирани од поединци, а кон целиот настан се приклучи и ВМРО  – ДПМНЕ, партијата која и денеска пласира лажни информации.

За начинот на носење на ДУП – от во Трнодол во повеќе наврати сме ја информирале јавноста, како и засегнатите граѓани.

Завршено е времето кога ДУП-овите во Карпош се носеа на сила, за време на празници и далеку од очите на јавноста.

Општина Карпош продолжува со отворен пристап и транспарентност при урбанистичкото планирање, нешто што не беше практика до неодамна, кога  „цветаше“ непланската и агресивна урбанизација.

 

Треба да знаете
Последни објави