САД, Австралија, Канада и Велика Британија во заедничка изјава повикаа одлуката на Кина да ги наложи своите закони за национална безбедност врз Хонг Конг е во директна спротивност на меѓународните обврски и принципи законски спорведени во Кинеско-британската заедничка декларација од 1984 година гарантирана од ОН.
-Хонг Конг просперира како тврдина на слободата. Меѓународната заедница поседува значаен и долгорочен удел во просперитетот и стабилноста на Хонг Конг, се вели во денешната заедничка изјава.
Се додава дека директното наметнување безбедносни закони од стран на Пекинг, наместо преку институциите на Хонг Конг, според Членот 23 од Основниот Закон, ќе ги наруши слободите на народот во Хонг Конг и со тоа драматично ќе го поткопа неговиот систем и автономија, благодарејќи на кои Хонг Конг стана просперитетна автономија.
Сојузниците ја повикуваат Кина во време кога светот е соочен со пандемијата, да работи со властите на Хонг Конг на градење доверба и на меѓународна соработка со другите засегнато страни, а не да го прави спротивното.
САД, Канада, Австралија и Велика Британја повикуваат Пекинг да ги почитува постоечките обврски за автономија на Хонг Конг, според Кинеско-британската заедничка декларација гарантирана од ОН.