Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје.
Како што информираа за МИА од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3, Студеничани-2,Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.
Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери вели дека најзагрижувачки се бројките во општина Сарај.
-Во моментов во сите општини има луѓе кои што се заразени со Ковид 19. Но, општини со поголем број на заразени се Аеродром, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир и Ѓорче Петров. Загрижувачки е последнава недела, општина Сарај каде што до пред неколку дена немавме ниту еден заразен и одеднаш сега имаме околу 40 случаи, вели Зибери.