Соопштение до јавноста- реакција на прес конференција на Снежана Калеска Ванчева
„Денес во Македонија има 38 нови заболени и тројца починати од корона вирус. Оттука очајни се обидите на СДСМ да прикажат некоја лажна нормалност се со цел да се обидат да се спасат од катастрофален пораз на изборите. Затоа брзаа, а со тоа ги загрозуваат здравјето и животите на граѓаните. Мислат дека така ќе ја спасат политичката кариера на Зоран Заев. Но тука се лажат.
Јавноста и граѓаните гледаат дека здравствениот менаџмент со епидемијата од корона е тотално фијаско. Македонија е рекордер по смртност и на самиот врв по заразени граѓани во регионот на еден милион жители. Дополнително сме речиси на дното по направени тестови. Секој ден гледаме двоцифрени бројки на ново заразени граѓани, а за жал имаме и починати од корона вирусот. Наместо масовно тестирање и скрининг на населението со кој јасно ќе се добие слика за епидемиолошката состојба, се прави партиски диктат од страна на Заев, само и само на тој начин да го ублажи својот пораз. Одат до таму што дури и ги обвинуваат граѓаните за големата смртност.
Нивната неспособност доведе и до тотален колапс на економијата и сега се обидуваат тоа да го прикажат нова лажна нормалност. Не, граѓаните се мудри и гледаат дека си имаат работа со забегана и корумпирана власт која што ќе ја казнат на избори. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа народот го гледа. Македонија со Заев и СДСМ добија хибриден режим, корупција, криминал и сиромаштија.“