Церемонијата на која легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант постхумно треба да биде запишан како член на „Куќата на славните” во кошаркарската НБА, е презакажана за 2021 година. Ова е официјално потврдено на веб-страницата на лигата.
Церемонијата првично беше предвидена за 29-31 август во Спрингфилд.
Брајант во јануари оваа година почина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други патници.
Кошаркарот играше за Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.
На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните” постхумно и една година пред предвиденото. Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Играчот ги заврши настапите во 2016 година.