Триесет земји, предводени од Костарика и Светската здравствена организација (СЗО), денеска почнаа иницијатива за споделување дијагностички алатки, лекови и вакцини како „јавно добро” во борбата против глобалната пандемија на новиот коронавирус.
„Вакцините, тестовите, дијагностика, третмани и други важни инструменти како одговор на коронавирусот мора да бидат достапни за сите, како глобално јавно добро”, рече Карлос Алварадо, претседател на Костарика.
СЗО изрази загриженост дека богатите земји, што издвојуваат огромни суми пари за развој на вакцини и лекови против Ковид-19, ќе се „протуркаат во почетокот на редот”, откако ќе се најде ефективен одговор на болеста и затоа ја почна иницијативата „Повик за акција за солидарност”.
Во моментов се работи на повеќе од 100 вакцини и лекови.