Претседателот на управата на Хрватски шуми од редовите на ХДЗ, Крунослав Јакупчиќ денеска е уапсен и спроведен на распит во Управата за сузбивање на корупција и организиран криминал УСКОК. Неговиот адвокат Владимир Терешак, даде изјава за медиумите: „Досега не сме добиле решение за спроведување истрага, кога ќе исконтактирам со клиентот ќе знам што да ви кажам, изјави тој.
На прашањето како ќе се брани неговиот клиент, тој рече активно.
„Тој не се смета за виновен, ќе ги изнесе фактите и околностите“; рече адвокатот на уапсениот шеф на Хрватски шуми.
Адвокатот Жељко Гулишија, бранител на државниот секретар во Министерството за управа Јосипа Римац, рече дека неговата клиентка и поранешна градоначалничка на Книн е уапсена поради истрага поврзана со ветерници.
Не можам службено да потврдам, но претпоставувам дека станува збор за ветерници“, рече тој и додаде дека повеќе детали ќе има попладнево, ако Јосипа Римац му издаде полномоштво како на бранител.
Хрватското МВР потврди дека од рано утрово во тек се апсења на државни функционери и стопанственици под сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена должност и стопански криминал со одбележја на корупција.
Меѓу уапсените се и државниот секретар од ХДЗ и поранешна градоначалничка на Книн Јосипа Римац и помошничката во Министерството за стопанство Ана Мандац.
Полициајта денеска во Сплит го уапси и Иван Мелван, раководител на Управата на Хрватски шуми во тој град, кој потоа е однесен во Загреб на испрашување на во УСКОК.
Меѓу уапсените е и Анте Сладиќ, бизнисмен од Шибеник кој исто така во текот на денов ќе биде спроведен во Загреб на распит, како и Наташа Турбиќ, началничка на Грачац од редовите на ХДЗ.