Сопственик на деловен простор на „Петтата авенија” во Њујорк, ја тужи НБА за сума од 1,25 милиони долари.
Најсилната светска кошаркарска лига има закупено простории за својата официјална продавница, но по затворањето на „NBA Store” поради пандемија на коронавирус пред 2 месеца, престана да се плаќа киријата.
Портпаролот на лигата, Мајк Бас, истакна дека лигата очекува да ја реши спорната ситуација директно со сопственикот на дуќанот.