На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес разговараше со Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Кралството Шпанија. Министерот Димитров уште еднаш се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат.
Беше направен осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност.
Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави.