Поранешниот принц Хари и Меган Маркл завршиле во полициска станица, поради загрижувачката ситуација во која се нашле.
Меган Маркл и Хари со малиот син Арчи живеат во луксузна вила во Малибу, далеку од кралскиот двор. Меѓутоа, изгледа дека нивното чувство на среќа поради слободата која ја уживаат, во последно време го замениле со страв. Поранешниот кралски пар наводно живее во паника откако забележал дека околу неговата куќа летаат дронови.
Дроновите летале на висина од само шест метри и ги забележале најмалку 5 пати во еден месец, па повикале полиција. Иако со нив најверојатно управуваат папараци, тие стравуваат дека позади сето тоа може да се кријат и терористички групи…
Преземено од karmin